Таеквондистите од Охрид со успешен настап на престижниот турнир во Бугарија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Викендов во Пловдив, соседна Бугарија се одржа најсилниот меѓународен А класа Таеквон-до ИТФ турнир, на  кој учествуваа над 700 натпреварувачи од над 60 клубови од 15 земји ширум Европ. Во Пловдив учествуваа натпреварувачи од Македонија, Бугарија,Србија, БиХ,Словенија, Грција, Австрија, Молдавија, Романија, Чешка, Украина,Велс, Естонија,Хрватска и Англија.

На турнирот единствено фалеше уште Русија за да бидат најдобрите европски репрезентации на едно место . Исто така може да се рече дека по квалитетот на натпреварувачите и посетеноста  беше на рамниште на Европско првенство

На турнирот во Пловдив учество зеде и нашиот најдобар клуб од Македонија ,Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, кој настапи во скратен состав со осум натпреварувачи.

„Во Пловдив многу  натпреварувачи бркаа критериум за учество на Европско, но за жал победија судиите. Ќе го паметиме овај турнир по огромната пристрасност како на Грчките така и на Бугарските судии кои им помогнаа на своите натпреварувачи да исполнат критериуми на штета на другите држави, свето незадоволство го изразија повеќето држави.

Но и покрај огромната пристрасност на судиите  успеавме тешко да заработиме три медали“- коментираше тренерот на клубот, Марјанчо Лазаревски.

Сребрен медал , кој го освои Филип Трифуноски во категорија -65  кадети 12-13 години

Два бронзени медали, кој ги освои Елена Јанеска  борби во категорија  женски кадети 12-13 години, и форми за жолт појас женски кадети 12-13 години

„На Елена и фалеше златен медал во борби за да учествува на Европско но судиите ја победија и неа во полуфинале.

Беа оштетени скоро сите наши натпреварувачи од страна на судиите, посебно јуниорите кога ќе дојдеа до четвртфинале беа победувани од судиите, на што реагираа за нас  претставниците од Србија, Словенија, Австрија, но ние сме мала федерација, и сме од една малечка земја и сме безгласни во однос на судиските одлуки“ – истакна Лазаревски.