Тажен ден за навивачите: По десет години Лукас го напушти Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Повремениот бразилски репрезентативец, Лукас Леива после 10-ет убави поминати години на „Енфилд“, тој следната сезона ќе го облече дресот на Лацио.

30-ет годишниот играч имаше уште 12 месеци договор со Ливерпул, но тој заеднички со клубот се согласил да го напушти тимот на Клоп и оди таму кај што ќе има загарантирани минути, овој трансфер на Леива во Лацио,  ни наговестува дека аргентинецот Биглиа веќе е ново име на Милан.

Од овој трансфер, Јирген Клоп и Ливерпул ќе добијат 5 милиони фунти.

Бразилецот беше еден од најлојалните играчи на клубот, тој за „црвените“ запиша 346 настапи откако дојде од Гремио во 2007 година.