Тажниот Навас: Мојот пат, од три европски круни во низа, до ниту една минута на терен…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалот некогаш навистина е суров и се случуваат одлуки кои во најмала рака се нефер кон играчите.

Една таква приказна ни доаѓа од Мадрид, поточно од клубот Реал Мадрид, кој одлучи еден од најдобрите голмани на светот, Кејлор Навас минатото лето да го замени со Тибо Куртоа.

Иако Костариканецот не се предаваше ниту по пристигнувањето на Белгиецот, со промената на тренерот и доаѓањето на клупата на Сантијаго Солари, за него почна вистински хорор бидејќи очигледно повеќе го нема во плановите на Кралскиот клуб, поточно новиот тренер.

Шпанските медиуми наведуваат дека Навас во јануари ќе бара нов клуб, а и самиот голман даде една тажна изјава.

„Го минав патот од освојувањето три во низа трофеи во Лигата на шампионите, до тоа да не играм повеќе никако“, истакна тажниот Навас во една емисија.

За потсетување, Навас е член на Реал од летото 2014. година кога стигна од Леванте, а последните сезони беше незаменлив на голот на кралскиот тим и беше една од клучните фигури во освојувањето на трикратната европска круна.