Тажни вести од Милано: Почина навивач на Интер кој беше удрен од комбе со фанови на Наполи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивач на Интер, кој пред синоќешниот меч на неговиот тим против Наполи (1-0) беше удрен со комбе, за жал почина во болницата.

Италијанските медиуми пишуваат дека комбето, кое припаѓа на навивачите на Наполи го удрило 35-годишниот фан на Интер, кој заработил тешки повреди, но докторите не можеле да му помогнат, иако за неговиот живот се бореле неколку часа.

Освен овој инцидент, пред синоќешниот дуел, дури четири навивачи на Наполи биле избодени со нож и нивната состојба засега не е позната.

Да потсетиме дека во текот на самиот меч имаше немили сцени, зашто домашните навивачи на расна основа го навредуваат дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали.