Таткото на млада ѕвезда му се закани на Јуве: Готово е, за син ми следуваат подобри времиња!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Таткото на Даниеле Ругани кажа дека не сакаат да го продолжат договорот со Јувентус, каде што неговиот син одигра само три натпревари, односно 181 минута.

Јувентус сакаше да му го продолжи договорот на италијанскиот репрезентативец, но очигледно такво нешто нема да се случи.

„Не мора ништо повеќе да зборуваме, готово е, наскоро ќе завршиме. А, потоа следуваат големи работи сине, Даниеле ти си најдобриот стопер“, напиша неговиот татко.

Јувентус сигурно нема да им го прости овој потег, па едноставно ќе го продаде Даниеле Ругани и тоа најверојатно во Челси или Манчестер јунајтед.