Теодосиќ потврди- заминува од ЦСКА, следна дестинација НБА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на репрезентацијата на Србија и долгогодишен член на ЦСКА Москва, Милош Теодосиќ, денес потврди дека веројатно ќе замине од редовите на рускиот великан.

На отворањето на летниот кошаркарски камп на Сребрното езеро новинарите го запрашаа Теодосиќ за неговата иднина, а тој коментираше дека играње во САД е нешто за што долго време размислува.

„Како што стојат работите речиси сигурно нема да останам во ЦСКА, а за останатото искрено, ни јас се уште не знам. Сигурно дека заминување во САД е нешто на што сериозно размислувам, би сакал таму да ја продолжам кариерата. Прв пат за тоа сериозно размислував, навистина имам желба да играм во САД, но ќе видиме како ќе се одвиваат работите“- коментираше Теодосиќ.