Тепачка на теренот, бидејќи тренерот се обиде да го глуми Мурињо!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Фудбалерите на Хадерсфилд денес победија на домашен терен против Лидс со 2:1.

Како што и обично се случува во локалните дерби натпревари, така и денес беше напнато, а ерупцијата се случи по вториот гол на домаќините.

Тогаш нивниот тренер Дејвид Вагнер во стил ан Мурињо отрча до своите играчи да го прослави голот, но по враќањето го чекаше незгодно изненадување.

Тренерот на Лидс, Гери Монк беше подготвен да го дочека и да се пресметаат, а во приказната се вклучија скоро сите фудбалери на теренот.