Тери измислил понуда од Кина за да добие нов договор во Челси?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во центарот на вниманието во англиската јавност денеска се наоѓа капитенот на Челси, Џон Тери, чиј договор со клубот му истекува на крајот на сезоната.

Во последно време многу се зборува за тоа дека Тери уште во јануари ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ бидејќи има богата понуда од Кина. Дури и Тери во неколку наврати изјави дека има понуда од Кина, но дека неговата цел е да остане во Челси.

Сепак, по сето ова, англиските медиуми започнаа да се сомневаат во нова прикзна, и заклучија дека ова е начин на Тери да се обиде да добие нов едногодишен договор со Сините. Тие го контактирале кинескиот клуб кој јасно им кажал дека нема интерес за купување на Тери.

Доколку се докаже дека сето ова го измислил Тери, англиските медиуми се сигурни дека ова ќе биде последна сезона за Тери во Челси, Сепак, тие истакнаа дека ќе му дадат прилика на Тери да го објасни целиот скандал во кој се најде.