Тери му подари дрес на Вилшер со посебна порака!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


По победата на Челси против Борнмут со 3:1, Џон Тери очигледно беше добро расположен, па одлучи да му подари дрес на Вилшер.

Тери повторно беше на клупата за резервни играчи, а до крајот не доби шанса за игра.

Од друга страна, Вилшер го одигра цел натпревар за Борнмут.

По натпреварот, капитенот на Челси одлучи да му подари дрес на Вилшер, а пораката која му ја напиша е навистина посебна.

„Џек Вилшер е голем играч и голем човек. Би сакал да имам шанса да играм со тебе од недела во недела. Среќно.“

Вилшер ова го објави на друштвените мрежи и му се заблагодари на Тери.