Тери низ солзи – Ми дадовте се, ме кренавте кога паѓав!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот капитен на Челси го совладаа емоциите при неговиот говор за простување по последната сезона во Челси.

Тери неодамна најави дека ќе замине од тимот, а дојде и тој ден, па во продолжение може да го прочитате неговиот говор.

„Денес, без сомнеж, е еден од најтешките денови во мојот живот. Имав многу среќа да соработувам со некои неверојатни тренери и играчи во текот на својата кариера. Многу сум благодарен за се.“

„Мислам дека треба да му се заблагодариме на Абрамович. Јас лично сакам да му се заблагодарам на него и управата, тој за мене е најдобриот сопственик во светот. Тој го сака навистина овој клуб.“

„На крајот сакам да ви се заблагодарам на вас, навивачите. Вие сте најдобрите во светот, во тоа нема сомнеж. Од својата 14-та година кога потпишав, ме кревавте кога паѓав, ми пеевте кога играв лошо и ве разочарував. Никогаш нема да можам доволно да ви се заблагодарам.“