Технологијата ги сруши надежите на ПСВ за титула


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на ПСВ Ајнховен со пораз од директниот ривал Фејенорд ги намалија шансите за титула шампион на Холандија, а како еден од причините е технологијата на гол – линијата.

„Направив се што можев да ја спречам топката да ја помине гол линијата. Според податоците на системот, ја помина за еден милиметар“, рече голманот на ПСВ Јерен Зоет за клупската телевизија.

Зоет го одбрани шутот со глава на фудбалерот на Фејенорд во 82 минута, но потоа ја држеше топката на гол линијата и необјасливо ја повлече раката, после што е признат голот.

Кога топката ја помина гол- линијата, се запали светлото на зглобот на судијата Бас Нијхуис. Арбитарот погледна и виде дека на екранот пишува “гол“ после што Фејенорд оствари победа со 2:1.

„За среќа, имаме технологија на гол линијата. Гол е гол. Технологијата не лаже“, рече стрелецот на голот Јан-Анри Ван дер Хејден.

Фудбалерите на ПСВ протестираа, го опкружија судијатам, но после ја прифатија одлуката и рекоа дека им требаше повеќе за  победа.

„Сите ќе профитираат ако фудбалот стана пофер, а судиските одлуки поточно. Вистината е победник“, рече портпаролот на Фудбалскиот сојуз на Холандија Бас Тишелер.

Стадионот Де Кујп, во Ротердам е единствен, за несреќа на ПСВ, каде што има технологија во вториот дел од сезоната во холандското првенство. Во првиот дел камери беа поставени на Амстердам арена.

Фејенорд со победа се приближи до титулата, прва уште од 1999 година, додека ПСВ значително ги намали шансите да го престигне ривалот од Ротердам.

ПСВ е трет со 11 бода помалку од Фејенорд, на 10 кола пред крајот. Ајакс го зазема второто место со пет бода заостанување зад лидерот.