Тешко е да се поверува: Реал не троши најмногу, ниту во сопствениот град?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со децении сме навикнати, кога и да се споменат огромни суми на пари што се издвојуваат за засилувања, секогаш да се сетиме на Реал Мадрид.

„Кралскиот клуб“ со причина доби таква репутација поради големите купувања, но во последните години ситуацијата е сосема поинаква.

Според податоците на порталот „Swiss Rabmle“, Реал во последните три сезони потрошил 249 милиони евра на засилувањам, што е доволно за третата позиција во Шпанија.

Барселона убедливо е прва со 613 милиони, за што се заслужни купувањата на Кутињо и Дембеле, а пред Реал е и градскиот ривал Атлетико кој потроши 307 милиони.

Најголем допринос за тоа секако имаше Зинедин Зидан бидејќи од Перез не бараше големи ѕвезди, костурот на тимот веќе беше формиран, па Французинот сметаше дека нема потреба од големи вложувања.

Тоа би можело да се промени, со оглед на тоа дека на „Сантијаго Бернабеу“ се подготвуваат за големи купувања…