Тиери Анри доби ново засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После ужасниот старт на сезоната Леонардо Жардим ја напушти клупата на Монако, а на негово место дојде ТИери Анри.

Не се променија многу работи ниту по доаѓањето на легендарниот Французин, но сите се надеваат дека вториот дел од сезоната ќе им донесе подобра игра и подобри резултати,

Евидентно е дека на Анри и на Монако им треба засилувања, а денес Монако го ангажираше третото засилување зимава.

После Наидо и Ванкуеро, во Монако пристигна Фоде Бало Туре.

Се работи за 22 годишен лев бек кој пристигна од Лил за 9.9 милиони евра, а во Монако би требало да остане до 2023. година.

Се работи за продукт на младинската школа на ПСЖ.