Вуко Каров – Тиквеш после пенали го совлада Борец, Победа го декласира Металург


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На турнирот Вуко Каров кој што се одржува во Кавадарци денес се одиграа два полуфинални натпревари.

Во првиот Тиквеш го победи Борец после пенали. Регуларниот дел заврши без погодоци. На пенали подобри беа Тиквеш со 4:2.

Победа убедливо го победи Металург со 5:1. Рамон му донесе водство на Победа во 23-та минута. Пред крајот на првото полувреме Војводиќ го зголеми водството на прилепчани.

По влегувањето на терен, Карчески постигна погодок за 3:0. Неколку минути подоцна Карчески постигна фантастичен погодок и по четврти пат ја затресе мрежата на Металург. Цветаноски го постигна петиот погдок за Победа на овој натпревар. До крајот Металург успеа да постигне погодок за конечни 5:1.

Финалето на турнирот Вуко Каров ќе се игра утре со почеток од 14:00 часот каде ќе играат Победа – Тиквеш, а претходно ќе се игра натпреварот за третото место помеѓу Борец – Металург.