Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот на Мекларен ја објави екипата од возачи за наредната сезона, а таа е составена од Карлос Саинц и Ландо Норис.
Саинц е човек за кој можеби некои имаат слушнато, а реши да го напушти Рено и да потпише договор со Мекларен, каде што ќе го замени Фернандо Алонсо.
Покрај него во екипата ќе биде и 18-годишниот Норис, кој е талентиран возач и на него му се предвидува голема кариера. А, во моментов се бори за титула во Ф2-серијата.
Минатата година премина во Ф3-категоријата. Беше одличен со девет победи и 20 подиуми и сезонава со Џорџ Расел од Мерцедес се бори за титулата во Ф2.