Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед победија на домашен терен против Сандерленд во ПЛ со 3:1.
Најубав момент на натпреварот се случи во 86-та минута кога Хенрик Михтаријан постигна гол за кој ќе се зборува уште долго.
Самиот фудбалер изјави дека тоа е најубавиот гол кој го постигнал во кариерата.
„Тоа беше најубавиот гол кој го имам постигнато. Бев многу возбуден. Прва работа која ја направив беше моето вртење кон помошниот судија да видам дали голот е регуларен. Кога видов дека е, почнав да славам.“
„Очекував топка пред мене, но кога видов дека тоа нема да се случи, само едно ми остана и тоа го направив успешно.“
Видеото може да го видите тука.