Тони Надал призна: Ѓоковиќ одигра совршено, а Рафа му беше само „храна“...

Новак Ѓоковиќ совршено играше во финалето на Австралијан опен, додека Рафаел Надал не беше на ниво на кое ги доби претходните шест меча во Мелбурн,а  тоа го оцени и неговиот чичко и поранешен тренер Тони Надал.

Србинот го совлада Рафа з два часа и четири минути со 6-3, 6-2 и 6-3, па така ја освои 15. гренслем титула во кариерата.

„Нема замерка за играта на Ѓоковиќ. Може да му честитаме. Од самиот почеток покажа дека е одличен и стигна до совршенство, додека Рафа му послужи како храна. Сепак, мојот внук не можеше да му се спротистави во мечот. Но, мислам дека резултатот во финалето покажа дека меѓу нив е поголема разликата од таа што постои“, вели Тони.

Ѓоковиќ по освојувањето на турнирот во Мелбурн остана на првата позиција со 10.955 бодови, додека втор е Надал со 8.320 поени.