Топло ви е? За 3.5 милиони долари би играл и во Сахара


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Почетокот на УС Опен го обележаа високи температури и голема влажност на воздухот во Њујорк.

Овие услови значително им отежнуваа на тенисерите кои се борат за престижниот трофеј и наградата вредна 3.5 милиони долари.

Организаторите на турнирот дозволија да има пауза помеѓу сетовите за тенисерите да може дополнително да се освежат.

На овие услови се жалеше и Ѓоковиќ кој доби поддршка од неговиот поранешен тренер, Борис Бекер.

На пораката објавена од Бекер на Инстаграм, се јави и некогашниот тениски ас Џими Конорс кој на Твитер напиша: „Дали ви е топло? Да имам шанса да играм за 3.5 милиони долари би играл сред пладне во Сахара. Тоа е дел од играта. Излезете на терен и дајте се од себе. Среќно играчи.“