Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот фудбалски тренер, Пеп Гвардиола е познат како тренер кој знае да избере вистинско засилување за својот тим.
Во текот на тренерската кариера, освен Сити, ги водеше Барселона и Баерн Минхен, а во тие клубови донесе некои од фудбалерите кои и денес ја водат неговата игра.
- Кингсли Коман
Француски фудбалер кој во Баерн стигна во 2015-та година од Јувентус на позајмица, а многу брзо поради своите игри почна да добива шанси во првиот тим. Тоа му осигура и неколку натпревари на ЕП во Франција.
- Џошуа Кимих
Одличен дефанзивец кој стигна во Баерн во 2015-та година. Дојде од Лајпциг за 8.5 милиони евра и многу брзо стана стандарден член на последната линија на Баерн.
- Даглас Коста
Коста дојде од Шахтјор за дури 30 милиони евра, но на Баерн му се исплатеше затоа што Коста игра одлично и е стандарден првотимец. Познат е по честите и одлични асистенции.
- Артуро Видал
Како и претходните играчи на оваа листа и Видал стигна во Баерн во 2015-та година. Тој беше платен 37 милиони евра. Видал денес претставува еден од најважните фудбалери во редот за врска на Баерн.
- Тиаго Алкантара
Шпанскиот фудбалер беше едно од првите засилувања на Баерн откако на клупата дојде Гвардиола. Тој беше платен 25 милиони евра, а кога нема проблеми со повредите, тој игра на највисоко можно ниво.
- Хавиер Маскерано
Маскерано во Барселона стигна од Ливерпул во 2010 година. Платен беше 20 милиони евра, но тој одлично играше во тимот на Барселона.
- Чаби Алонсо
Иако беше ветеран, Гвардиола сметаше дека Алонсо има уште неколку добри сезони да одигра и беше во право. Платен беше само 9 милиони евра на Реал и сега во Баерн задоволно тријат раце.
- Роберт Левандовски
Полскиот репрезентативец денес важи за еден од најдобрите напаѓачи во светот, а Гвардиола го ангажираше од Дортмунд во 2014-та година кога беше слободен играч.
- Дани Алвес
Гвардиола го донесе Алвес во 2008 година и беше едно од неговите први засилувања во Барселона. Бразилецот во Барселона се задржа до ова лето кога премина во Јувентус.
- Жерар Пике
Гвардиола направи полн погодок во 2008 година кога го врати Пике од Јунајтед и тоа само за 5 милиони евра. Пике во Јунајтед не играше многу, но затоа во Барселона стана еден од најдобрите стопери кои ги имаа во овој век.