Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на Торонто го победија Мајами со 101:84, а повторно одличен беше ДеРозан.
Мајами го отвори многу добро натпреварот, но Торонто успеа на крајот да стигне до победата. ДеРозан постигна 40 поени, 6 скокови и 3 асистенции, а добри беа уште и Пауел со 14 поени и Рајт со 13 поени.
Во тимот на Мајами најдобар беше Вајтсајд со 16 поени и 14 скокови.
Бруклин стигна до нова победа, овој пат против Феникс. Најдобар беше Лопез со 19 поени и 6 скокови, а го следеа Дениелс со 16, Букер со 14 и Лин со 12 поени. Кај поразениот тим Букер постигна 28 поени, а Крис успеа да постигне 23.
Во останатите натпревари од минатата ноќ, Сан Антонио го победи Мемфис со 97:90 додека Далас во возбудлив натпревар стигна до победа против Клиперс со 97:95.