Тосун се сели на „Гудисон“, во Бешикташ ќе го менува Јаховиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се поизвесно е дека Ченк Тосун ќе се пресели во редовите на Евертон оваа зима.

Трансферот го потврди и тренерот на Бешикташ кој изјави дека преговорите завршиле, а Тосун денес треба да ги мине медицинските прегледи во тимот од Ливерпул. Сумата на трансферот е 27 милиони фунти плус дополнителни бонуси.

Во турските медиуми се шпекулира дека Ченк Тосун ќе биде заменет од нашиот интернационалец Адис Јаховиќ кој има одлична полусезона зад своето име.

Јаховиќ во моментов го одбива новиот договор од Гезтепе, а за него интерес покрај од Бешикташ има и од клубови од Русија и Кина.