Тотенхем во јануари ја носи трансфер утката на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека од редовите на Тотенхем се подготвени да тргнат по услугите на офанзивниот играч на Барселона, Малком.

Малком пристигна во Барселона во шокантен трансфер вреден околу 40 милиони евра. Иако сите очекуваа тој да слета на аеродромот во Рим, Бразилецот се упати кон Шпанија и потпиша за Барселона.

Сепак, тоа не се покажа како правилен потег, па Малком по само шест месеци би можел да замине од „Камп Ноу“. Се верува дека Тотенхем ќе мора да ја плати истата сума која Барселона ја плати на Бордо во текот на летото за да ги обезбеди услугите на талентираниот офанзивен играч.