Лондонски гигант е заинтересиран за фудбалер на Манчестер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ентони Марсијал во лето би требало да го напушти тимот на Јунајтед, тој игра многу слабо оваа сезона, а ретко добива и шанса во првиот тим.

Манчестер на неговата позиција има многу квалитетни фудбалери, а кај Мурињо тој е еден од последните избори.

Многу клубови се заинтересирани за него, а во први редови во јануари беа Севиља и Вест Хем. Сепак, тој не го напушти тимот во јануари, но би требало во лето.

Англиските медиуми сега шпекулираат дека за неговите услуги е заинтересиран Тотенхем кој би можел наскоро да започне преговори со Манчестер.

Јунајтед за Марсијал плати 50 милиони евра во 2015-та година, а се верува дека не би го пуштиле за помалку од 40.

Тој оваа сезона одигра 14 натпревари во ПЛ и постигна 3 голови и 4 асистенции.