Тотенхем ја продава ѕвездата, а ова нема да му се допадне на Реал!


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Даниел Леви одлучи да го покаже своето вистинско лице, па со него е невозможно да се преговара.

Хари Кејн е прва мета на Реал и тоа не е тајна. Сите во клубот, од Перез до Зидан, веруваат дека тој е најдобро решение.

Воедно, тој е најтешка мета, добро е познато дека со Даниел Леви, претседателот на Тотенхем е тешко да се преговара.

Тој го продаде Бејл за светски рекорд, но кога станува збор за Кејн, Тотенхем нема ниту најмала намера да се откаже од него. Ќе му ја зголеми двојно платата, но ако и понатаму сака да замине, проблемот ќе биде откупната цена.

Тотенхем постави услов, 340 милиони евра како откупна клаузула, а би ги прифатиле и Модриќ и Бејл како дел од договорот.

Јасно, за ова барање нема ниту да се преговара, а сумата е целосно нереална и служи да покаже дека Леви во ниту еден случај нема да го пушти Кејн.