Тоти конечно откри зошто го удрил Балотели: Сакав да го повредам! (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Повеќе од една година откако се пензионираше легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти, во разговор за „Ла Република“ конечно зборуваше и за инцидентот од 2010. година.

Тоти во мај 2010. година заработи црвен картон, зашто во поразот од Интер (1-0) со нога го удри Марио Балотели.

„Ме провоцираше со години. Ме навредуваше мене и навивачите на Рома. Ми се собраа многу работи и на крај експлодираше. Беше тоа ужасен прекршок, единствена цел ми беше да го повредам“, кажа Тоти.