„Тој е најдобар одбранбен фудбалер во ПЛ“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За Џон Тери ова ќе биде последна сезона во Челси. Тоа официјално беше потврдено вчера, а неговиот поранешен соиграч на емотивен начин му  одаде почит.

Тери стана синоним за Челси откако прв пат стана стандарден во тимот, во сезоната 2000/01.

Освен позајмицата во Нотингем Форест во 2000-та година, тој цела кариера ја помина во Челси. Тој одигра 713 натпревари за Челси, со кој стигна до 4 трофеи во ПЛ.

Неговиот поранешен соиграч на друштвените мрежи се огласи со емотивна порака во негова чест.

„Последниот човек од неверојатната ера на Челси. Беше големо задоволство да се игра со најдобриот одбранбен играч во историјата на ПЛ. Всушност, би го ставил во светскиот врв. Тој поставува стандарди за сите, без разлика дали станува збор за тренинг, секогаш сака победа.“

„Што и да правиш по Челси, знам дека сите ќе ја почитуваат твојата одлука. И знам дека Челси ќе биде твој клуб. Апсолутна почит.“