„Тој потег на Венгер никако не ми е јасен“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, после завршувањето на кариерата најчесто гостува по англиските телевизии како стручен коментатор.

Фердинанд е познат по тоа дека нема влакко на јазикот, и секогаш го кажува тоа што го мисли.

Некогашниот репрезентативец на Англија овој пат го коментираше Арсен Венгер, и рече дека не му се јасни некои потези на францускиот стручнак.

„Оспина ги почнува натпреварите на Арсенал во ЛШ, тоа никако не е јасно. Во еден од најважните натпреварувања во фудбалот не знам како тој може да има предност пред Петр Чех.

Оспина имаше неколку лоши мечеви во ЛШ, а најмногу се памети поразот на Арсенал од Олимпијакос каде што беше еден од главните виновници.

Сепак, колумбискиот голман сеуште има голема доверба кај Венгер.