Трагедијата на Сала го натера Кардиф да бара брза алтернатива во нападот: Таа ќе пристигне од Рома …?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кардиф имаше намера да ги реши своите напаѓачки проблеми со доведувањето на Емилијано Сала од Нант, но судбината се поигра со Аргентинецот кој трагично исчезна на пат кон престолнината на Велс.

Животот е непредвидлив, па Кардиф на најтажен можен начин остана без планираното засилување и беше приморан да бара алтернатива.

Британските медиуми пишуваат дека Кардиф се насочил кој Патрик Шик, напаѓачот на Рома кој ќе се обидат да го донесат на позајмица до крајот на сезоната.

Кардиф за Шик како што се наведува нуди 2 милиони евра, со можност да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната за дополнителни 30 милиони. Се шпекулира дека Кардиф, во случај да опстане во Премиер лигата, ќе биде должен да и исплати на Рома три, наместо два милиони евра за позајмицата.

Не е познато дали Рома ќе ја прифати оваа понуда и ќе го испрати Шик во Премиер лигата, но јасно е дека Кардиф очајнички има потреба од напаѓач, а времето за трансфер полека истекува.