Трансфер-бомба во Италија: Интер и Јувентус прават неверојатна размена!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Интер и Јувентус планираат да си ги разменат своите напаѓачи, Гонзало Игуаин и Мауро Икарди.

Интер за Икарди би требало да добие пари и Игуаин, а очигледно управите на двата клуба немаат ништо против таквиот договор.

Легендата на Интер, Валтер Самуел, верува дека такво сценарио е можно и дека лесно може да се договорат италијанските гиганти.

„Размена помеѓу Интер и Јувентус за Игуаин и Икарди е можна и Интер би бил во голема предност бидејќи ќе добие и пари, освен аргентинскиот напаѓач“, вели Самуел.