Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алесио Черчи пред 10 години важеше за еден од најголемите таленти во италијанскиот фудбал. Во дресот на Рома на 16 години во 2003 дебитираше против Сампдорија кога Капело му подари 20-на минути.
Беше талентиран, па Рома со него потпиша професионален договор пред да наполни 17 години, а навивачите во него видоа реинкарнација на легендарниот Џузепе Џианини.
Сепак, беше лошо момче и во Рома не можеше да се избори за место во првиот тим, па замина на позајмица во Бреша, а потоа во Пиза и Аталанта. Во 2010 година преминува во Фиорентина во која игра одлично и по 2 години заминува во Торино.
Беше најдобар играч на Торино и во јуни 2014 година како големо засилување премина во Атлетико Мадрид. Таму од него очекуваа играч кој може да ги држи сите конци во средината на теренот, но сепак згрешија.
Животот на фудбалерот кој требаше да биде новиот Тоти се претвори во кошмар. Во 2 и пол години во Мадрид одигра само 9 натпревари, а Чоло одамна се откажа од него. Следеа позајмици. Прво во Милан, а потоа и во Џенова.
Болоња го бараше Черчи уште во летото, но преговорите пропаднаа откако 2-та клубови не успеаа да се договорат за висината на трансферот. Во игра се вклучи и Лацио, но поради репутацијата на поранешниот играч на Рома, тешко може да се поверува дека тој ќе потпише за Лацио.
Пред 29-годишниот фудбалер кој за Италија одигра 14 натпревари е најверојатно последната шанса за спас на кариерата.