Тренерот кој пред секој натпревар пие шише вотка!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Многу фудбалери прават ритуали пред натпреварите кои наводно им носат среќа, но има и такви тренери кои веруваат во такви работи.

Многу фудбалери го допираат теренот со рака кога влегуваат, или влегуваат со десна нога, или пак се молат, но тренерот на Стеауа од Букурешт има интересен ритуал пред секој натпревар.

Лаурентин Регекамп има посебен ритуал, тој пред секој натпревар пие едно шише вотка и верува дека тоа носи среќа на неговата екипа.

Прв пат тоа го направи против Цирих во Европа Лига и победи, а после тоа никогаш не ја прекинуваше својата традиција.

Играчите во неколку наврати потврдија дека Лаурентин доаѓа пијан на теренот а понекогаш дури неможе ни да оди кога натпреварот ќе заврши.