Тренерот на Лион призна: Фекир е разочаран затоа што не се пресели во Ливерпул!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Лион, Бруно Генезио, призна дека неговиот најдобар фудбалер Набил Фекир е разочаран, откако му пропадна трансферот во Ливерпул.

Фекир на почетокот на Мундијалот во Русија беше во центар на внимание затоа што беше на чекор до Ливерпул, но на крајот не се реализираше трансферот.

Генезио смета дека останувањето во Франција не е лошо за Фекир.

„Никогаш не е лесно да се прифати ваков развој на ситуацијата, кога сте блиску до клуб во кој сакате да се преселите. Сакате да постигнете ново ниво во кариерата, но можеше да биде и полошо за него. Тој е во Лион, во добар клуб и е капитен на екипа која ќе игра во Лигата на шампиони“, кажа Генезио.

Да потсетиме, Фекир не играше во првите два натпревари во француската Лига 1 сезонава.