Тренерот на Филаделфија во страв: Марјановиќ заработи бизарна повреда (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарот на Филаделфија, Бобан Марјановиќ се повреди на крајот на мечот во кој неговата екипа славеше против Њу Орлеанс со 111-110.

Боби повторно доби добра минутажа, па постигна 12 поени и десет скокови, но на 1.15 до крајот на мечот Марјановиќ по одбранет напад доживеа морничав пад откако крилниот центар на Њу Орлеанс, Шеик Диало се лизна.

Србинот остана на паркетот, а соиграчите притрчаа на помош, а пристигна и медицинскиот тим, а болната гримаса на лицето на Боби покажа дека станува збор за посериозна повреда.

По мечот, тренерот на Филаделфија, Брет Браун беше загрижен за состојбата на Марјановиќ.

„Во моментов ми е само Бобан во мислите, многу сум загрижен за него. Немам никакви информации, но се надевам дека наскоро ќе бидат познати повеќе детали. Но, кога ќе видите такво нешто, ве боли срцето, вели Браун.“