Тренерот на Фулам смета дека Солскјер заслужува да биде перманентен предводник на „Ѓаволите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот тренер Клаудио Раниери истакна дека Оле Гунар Солскјер заслужува да биде назначен за постојан менаџер на Манчестер Јунајтед.

Овој викенд Фулам ќе се соочи токму со Манчестер Јунајтед, а пред средбата, поранешниот тренер на Челси и Лестер истакна: „Во овој момент тој ја заслужува работата. Тој покажа дека сите фудбалери се со него.

Манчестер Јунајтед се промени ментално. Зошто не би бил постојан тренер. Го паметам како играч, против Челси. Беше неверојатен фудбалер. Неговата кариера е отворена и јас му посакувам се најдобро“ –коментираше Раниери.