Трејдот помеѓу Кавс и Селтикс сѐ уште не е комплетиран, Ирвинг уште е играч на Кливленд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Работите навистина се заплеткани помеѓу Бостон Селтикс и Кливленд Кавалирс се навистина заплеткани. Кливленд сѐ уште го немаат потврдено трејдот иако сите медиуми објавија дека е официјално дека Кајри Ирвинг се сели во Бостон.

 

Имено, тимот на Кливленд Кавалирс сѐ уште го нема потврдено трејдот бидејќи се загрижени за физичката спремност на Ајзеа Томас, кој требаше да стигне во Кливленд како дел од размената за Кајри Ирвинг.

Кога првпат беше пријавено дека Кавс и Селтикс стигнале до договор, Ајзеа Томас отиде на медицински прегледи и лекарскиот тим на Кавси пронајде проблем со скорешната повреда на колкот која тој ја заработи пред крајот на минатата сезона. Опоравувањето од повредата не оди како што треба и доколку по деталните тестови Ајзеа не покаже дека ќе биде физички спремен за почетокот на сезоната, постои опасност трејдот да биде откажан.

 

Навивачите на едниот и другиот тим пребрзо ги отпишаа двајцата играчи, но изгледа дека работите сепак не се така едноставни.