Тројца потенцијални кандидати за тренерското столче во Реал Мадрид: Мурињо не е меѓу нив


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека од таборот на Реал Мадрид ќе разгледуваат три имиња како потенцијални наследници на Сантијаго Солари доколку тој не успее да ја освои Лигата на шампионите.

Откако стана јасно дека „Кралевите“ дефинитивно нема да ја освојат Ла Лига, сега Солари за да ја задржи работата ќе мора да го освои најелитното европско натпреварување.

Доколку не се случи тоа, Флорентино Перез ќе разгледува три опции за наследник на аргентинскиот стратег.

Маурисио Покетино од Тотенхем, Јоаким Лев кој во моментов е селектор на Германија и Масимилијано Алегри од Јувентус се трите имиња со кои ќе биде разговарано.

Интересно е што меѓу имињата го нема Жозе Мурињо кој вчера и денес се повеќе се поврзува со преземање на „кралската“ клупа.