Туран останува во Барса


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според агентот на фудбалерот на Барселона, Арда Туран ќе остане во каталонскиот клуб.

Шпекулациите изминатите месеци говореа дека Барселона планира да го продаде турскиот фудбалер, кој не успеа да се наметне како првотимец на „Камп Ноу“ по доаѓањето од Атлетико Мадрид.

Сепак, Ахмет Булут, агентот на Туран истакна дека фудбалерот нема намера да ја менува средината ова лето.

„Арда ќе остане во Барселона. Тој има три години од договорот и планира да го испочитува.“- коментираше Булут.