Туре во интензивни преговори со неговиот поранешен клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во текот на завчерашниот ден агентот на Јаја Туре објави статус на Твитер на кој напиша дека неговиот агент ги поминал медицинските прегледи во Лондон со неименуван клуб.

Веднаш започнаа шпекулации дека Туре ќе остане во Премиер лигата, а тоа што играчот доби и Британско државјанство уште повеќе ги зовреа шпекулациите дека Туре ќе остане во Англија.

Сепак, најновите најави говорат дека Јаја Туре би можел да се пресели во редовите на Олимпијакос каде играше во одреден дел од својата кариера.

Договорот треба да биде потпишан најдоцна до утре до 12 часот кога завршува трансфер периодот во грчкото првенство.