Тухел бара нови засилувања: ПСЖ во Англија најде замена за Рабио!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Парижаните бараат фудбалер кој би можел да го пополни местото на Адриен Рабио, кој ќе замине по крајот на неговиот договор во лето.

Актуелниот француски шампион ќе бара фудбалер од средниот ред, а со нив се поврзува фудбалерот на Вотфорд, Абдулаје Дукуре.

Дукуре е роден во Франција, но родителите му се од Мали. Пред повеќе од една деценија му се приклучи на Рен и ги помина младинските категории на тимот, за кој настапуваше до 2016 година.

Вториот дел од таа сезона го помина во Гранада како позајмен фудбалер од Вотфорд, а претходните две сезони е во првиот тим на англискиот клуб.

Во моментов неговата вредност е 25 милиони евра, но најверојатно ПСЖ ќе мора да плати повеќе од 30 милиони за да го ангажира.

Дукуре одигра 81 натпревари за англискиот тим и постигна десет гола во Премиерлигата.