Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА ги отфрли тврдењата на тренерот на Дортмунд, Тухел дека натпреварот помеѓу Дортмунд и Монако не требало да се одигра во среда.
Натпреварот беше откажан поради бомбите во близина на автобусот на Борусија.
Во експлозиите е повреден Бартра кој мораше да оди на операција.
„УЕФА беше во контакт со управата на двата тимови и не доби информација дека некој од тимовите не сака да игра. Одлуката натпреварот да се одигра во среда е донесена во согласност со двата тимови.“
Да потсетиме, Тухел не беше задоволен поради тоа што натпреварот беше закажан само еден ден по нападот врз автобусот.