УЕФА ги објави имињата на кандидатите за најдобар играч во Европа

УЕФА ги објави имињата на фудбалерите кои ќе бидат во конкуренција за најдобар играч на Европа во 2018. година.

За титулата во Европа ќе се борат Кристијано Роналдо, Мохамед Салах и Лука Модриќ. Најдобриот играч ќе биде избран на 30. август на церемонијата во Монако.

Роналдо наградата ја освојуваше трипати во претходните четири години, а еднаш најдобар беше Лионел Меси.

Секако, најголемо изненадување на листата е Салах, кој минатата сезона играше фантастично во дресот на Ливерпул. Египќанецот со своите фантастични игри го однесе Ливерпул до финалето во Лигата на шампиони.