УЕФА им суди на Динамо Киев и Бешикташ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипите на Динамо од Киев и Бешикташ ги очекуваат казни поради нередите во натпреварот од шестото коло кој се одигра во Киев помеѓу овие две екипи и заврши со 6:0 за Динамо.

Динамо се наоѓа под дисциплинска постапка бидејќи неговите навивачи фрлале бакли на стадионот, а навивачите на Бешикташ истотака користеле пиротехника и кршеле на стадионот во Киев.

Пред стадионот исто така имаше нереди помеѓу навивачите каде што 10 души беа избодени со нож, но УЕФА не е надлежна за тоа и нема да превзема мерки.

Одлука во врска со казната ќе биде донесена на 2ри фебруари 2017 година.