УЕФА објави извештај: Гигантите трошат најмногу пари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


УЕФА го откри имињата на најголемите потрошувачки во Европа.

Оваа листа која е направена од УЕФА е за 2015-та година.

Очекувано, на листата доминираат големите гиганти, па така најголеми потрошувачки се Јунајтед и ПСЖ додека најголеми плати даваат Реал и Барселона.

УЕФА ги пресметуваше и доаѓањата и заминувањата во клубот, а како најголем потрошувач се покажа Јунајтед.

Тие во 2015 година потрошиле 100 милиони евра, а веднаш зад ни е ПСЖ со 84 милиони евра.

Следат потоа Сити со 74, па три екипи од Серија А, Интер со 60, Милан со 50 и Јувентус со 41 милион.

Интересен е фактот дека КПР и Сандерленд се клубови со потрошувачка од 34, односно 27 милиони евра, а Барселона имала потрошувачка од само 26 милиони евра во 2015 година.

Барселона и Реал даваат најмногу пари на играчи. Барселона води со 340 милиони евра, а Реал платил 289 милиони евра, потоа следат Челси со 284, Сити 276 и Јунајтед со 266.

Исто така, меѓу тимовите кои потрошиле повеќе од 200 милиони евра за таа година се ПСЖ со 255, Арсенал со 250, Баерн со 236 и Ливерпул со 216 милиони евра.