УЕФА почна постапка: Нејмар скапо ќе го чини „долгиот јазик“! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар беше лут по одлуката на судијата Дамир Скомина да покаже на белата точка во продолжението од мечот од осминафиналето во кој Манчестер јунајтед го елиминираше неговиот тим.

Бразилецот збесна по одлуката на ВАР-собата, па ги навреди судиите преку социјалните мрежи.

„Ова е срам. Постојат четворица кои не разбираат фудбал и кои гледаат на снимки. Невозможно! Како да ги постави рацете ако е свртен со грб? Е**ете се!“, напиша Нејмар.

Европската фудбалска федерација (УЕФА) поради коментарите почна постапка против него, зашто го прекршил членот 11 од кодексот на УЕФА за однесувањето.

Дисциплинската комисија на 28 март ќе одржи седница, па таму сигурно ќе се расправа за неговите жестоки критики на сметка на судијата, а на крајот би можел да биде казнет.

Казната би требало да изнесува од еден до три натпревари, а санкциите ќе се однесуваат на наредната сезона во европските натпреварувања.