Управата му даде „зелено светло“ на Мурињо: Ако го договориш, подготвени сме да рушиме РЕКОРДИ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е подготвен да издвои сума за стоперите, но бордот ги одби предлозите на Мурињо. Тие сметаат дека играчите како Мекгвајер и Боатенг се преценти, за Алдервалјд да може да почека до летото кога пради клаузулата ќе бидат далеку поефитни.

Всушност, Ед Вудвард сака да го донесе Шкринјар, но Интер стави барикада, токму како и Наполи на Кулибали.

Поради тоа, на Мурињо му е порачано ако може да се договори со самиот играч за трансфер, „Ѓаволите“ ќе платат светски рекорд за Рафаел Варан, подготвени се да издвојат преку 100 милиони евра за стоперот.

Познати се неговите односи со Мурињо поради кој изби во прв план во Реал своевремено, не е ниту тајна дека тој сака во Јунајтед, но Флорентино Перез нема да го пушти.

Иако, постои можност Варан да го притисне Реал, јасно да изрази желба да оди, но ниту самиот не е сигурен, баш како ни Де Геа, колку ќе остане Мурињо.

Во секој случај, Јунајтед има пари, но се чини дека е во прашање невозможна мисија.

Инаку, Мурињо потроши богатство на Баи и Линделоф, првиот е на маргините, вториот се повреди, а и онака не игра добро, па на многумина не им е јасно каде Мурињо гледа грешки во управата, ако стоперите кои сам ги донесе се покажаа како промашувања.