Урнебесно: Дали забележавте кој го чуваше синоќа Пике?! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синоќа беше одигран интересен пријателски меч, помеѓу репрезентациите на Каталонија и Венецуела.

Каталонија славеше со 2:1. Поведоа Каталонците преку Кркич во 53. минута, а Венецуела израмни преку Росалес шест минути подоцна. Победата на Каталонците им ја донесе Пуадо во 87. минута од мечот.

За репрезентацијата на Каталонија настапи и стоперот на Барселона, Џерард Пике, а тој во текот на мечот имаше интересни дуели во Сотелдо.

Непријатната „десетка“ на Венецуела не успеа да се запише во листата на стелците, но доста внимание предизвикаа дуелите на Сотелдо и Пике – поради разликата во висината.

Малиот офанзивец на бразислки Сантос е висок 158 сантиметри, додека корпулентниот Пике е висок 192.

Фотографијата во продолжение доволно говори…