Урнебесно: Славеа голем успех, а потоа еден соиграч им објасни дека се изведуваат пенали (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудблаерите на Портланд Тимберс по финалниот судиски свиреж на натпреварот со Сиетл Саундерс почнаа да слават пласман во следната фаза од доигрувањето во МЛС Лигата.

Фудбалерите на Портланд во полуфиналето од плеј-офот во вториот натпревар по продолженија загубија со 3:2 и почнаа да се радуваат, бидејќи во првиот натпревар победија со 2:1 и веруваа дека имаат подобра гол разлика од противникот.

Сепак, славјето им го прекина еден соиграч кој им кажа дека со ваквиот исход ќе се изведуваат пенали.

На крајот среќата не им го сврте грбот, па фудбалерите на Портланд повторно имаа можност да се радуваат по изведувањето на пеналите.