Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Барселона загриза за стоперот на Интер, Милан Шкринијар.
Словакот е на радарот на бројни екипи, еден е од најстандардните меѓу „Нероаѕурите“, јасно е дека е многу важен за екипата од „Меаца“.
Го бараше и Манчестер Јунајтед, но како што се наведува Барселона направила конкретни чекори.
Имено, Каталонците им го понудиле Иван Ракитиќ на „Нероаѕурите“, за да ја намалат цената на Словакот.
Сепак, добиле негативен одговор, Интер не сака да крене раце од талентираниот стопер.
Се пишуваше дека го проценуваат околу 80 милиони евра, но наскоро тоа би можело да се промени, со оглед на тоа дека бившиот играч за Сампдорија е блиску до потпис на нов договор со Интер.
Екипата од Милано сака да го задржи во своите редови што е можно подолго, ќе му даде подобар договор до 2023. година, а притоа ќе ја избрише и неговата откупна клаузула, што ги става во одлична позиција.
Барселона на сите начини се обидува да ја засили задната линија, Пике не е она што беше, Умтити се почесто има проблеми со повредите, го ангажираа Мурилјо до крајот на сезоната и младиот Тодиба за во иднина, а го сакаат и релативно младиот квалитетен стопер, го сакаат споменатиот Шкринијар како и Матис Де Лихт.
Обете мети ќе бидат исклучително скапи, но се чини дека Холанѓанинот е подостапен од Словакот.