Уште еден кандидат за клупата на Барселона!


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Медиумите пренесуваат дека Валверде е главен кандидат за тренерското место во Барселона.

Откако Енрике најави дека на крајот на сезоната ќе замине од Барселона, управата ги разгледува сите опции за наследник.

Меѓу големиот број на кандидати сега е и Валверде.

Тој соопшти дека нема да остане во Атлетик Билбао. Според медиумите, тој ќе се пресели во Барселона со која се поврзуваше и претходно.

Валверде е на клупата на Билбао од 2013 година и резултатите кои ги направи во минатите години се многу добри.

Го освои Суперкупот на Шпанија, тимот го однесе и до ЛШ, а губеше во финалињата на ЕЛ и купот на Шпанија.

Покрај Билбао, тој ги има водено Еспањол, Олимпијакос, Виљареал и Валенсија.