Уште еден поранешен член на Челси се сели во Индонезија!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Само две недели откако Есиес потпиша за Персиб Бандунг од Индонезија, на истиот потег се одлучи и неговиот поранешен соиграч од Челси, Картон Кол.

Тимот денес официјално го претставија Кол, а тој доаѓа како слободен играч откако пред 5 месеци му заврши договорот со Сакраменто.

Кол во Персиб ќе го носи бројот 12, а во Челси играше од 2001 до 2006 година.

Покрај Челси и Сакраменто, Кол во кариерата има играно за Астон Вила, Вест Хем, Чарлтон, Вулверхемптон и Селтик.

За Англија одигра 7 натпревари.